во , ,

12 Работи од минатото што помладите генерации никогаш нема да ги разберат

На Редит, неколку корисници кои пораснале во овој период споделуваат кои се работите што помладите генерации сигурно нема да ги разберат.

„Ние сме последната ’недостижна‘ генерација. Поминувале часови без никој да знае каде сме, а нашите родители немаа како да стапат во контакт со нас“.

„Доволно сме стари да се сеќаваме на животот пред интернетот и мобилните телефони, но бевме доволно млади да направиме транзиција во новиот свет“.

„Чекавме да ни ја пуштат омилената песна на радио за да ја снимиме на касета“.

„Помневме телефонски броеви“.

„Кога се јавувавме кај девојката дома, се молевме да не се јави татко ѝ. Денешните деца никогаш нема да го знаат овој страв“.

„Имавме огромни колекции со ЦД-а“.

„Имавме молив во автомобилот за да ги премотуваме касетите“.

„Слушавме музика на вокмен“.

„Останувавме надвор додека не ги вклучеа уличните светилки“.

„Игравме на флипери. Пред нашата генерација, игрите не беа многу добри, а по нашата генерација, можеа да си ги играат на нивни конзоли. Ниту една генерација не играше на флипери колку ние“.

„Можевме да го поправиме телевизорот ако го удриме“.

„Изнајмуваме филмови од видеотека во петок навечер“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

12 Луди фотографии кои докажуваат дека треба да бидете внимателни кога купувате онлајн

12 Фотографии докажуваат дека некои луѓе едноставно немаат среќа