во ,

11 Работи кои сите ги правевме како деца: Им ги сечевме косите на барбиките, мислејќи дека ќе пораснат

Се сеќавате кога сé што посакувавте можевте да нацртате со еден шарен фломастер и да си замислувате дека го имате? Тоа е убавината на детската искреност и наивност.

Сега, со голема доза на носталгија, низ илустрации се сеќаваме на забавните работи кои ги правевме како деца, а веројатно ќе се пронајдете во повеќето од нив:

Правевме дупчиња во гумите со моливот.

Се качувавме обратно по лизгалките.

Со удирање го поправавме телевизорот.

Си цртавме накит и часовници по рацете.

Ги лупевме листовите, и самите без да знаеме зошто.

Бришевме со синиот дел од гумата, додека не го дупнеме листот.

Ги шишавме барбиките и куклите, со надеж дека косата ќе им порасне.

Ги двоевме колачињата од кремот и ги јадевме „на рати.“

Најголема желба ни беше да ги дупнеме пакувањата со сокови во продавницата, додека чекаме.

Си ја превртувавме косата врз лицето, стававме очила за сонце и се смеевме до бесконечност.

Трчавме колку што можеме побрзо откако ќе изгаснеме светло, за чудовиштето да не нé фати.

Пластичните чашки не остануваа цели подолго од 5 минути.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

8 Работи кои припаѓаат на кое било друго место, освен во бањата

Џеф и Мекензи Безос – 38 милијарди: Најскапите разводи на јавните личности