во

11 Дестинации на кои изгрејсонцето е магично – каде посакувате да се разбудите?

Без разлика од каде го гледате, секое изгрејсонце има моќ да ве остави без зборови.

Но местоположбата на некои градови, локалитети и градби ни овозможува да ја видиме вистинската убавина на изгрејсонцата.

Ако почнавте да правите листа со дестинации што сакате да ги видите откако животот ќе се врати во нормала, следниве десет заслужуваат да се најдат на неа:

Мачу Пикчу, Перу

Древниот град во јужен Перу се наоѓа на 2.430 метри надморска височина. Комплексот се состои од околу 200 градби, направени од Инките околу 1450-та година.

Поради местоположбата на локалитетот, тамошните изгрејсонца се навистина магични.

Тулум, Мексико

Овој археолошки локалитет, изграден од Маите, се верува дека порано го носел името Зама, штом може да се преведе како „Град на зората“.

Урнатините се свртени кон изгрејсонцето, односно кон исток, и се изградени на карпа висока 12 метри, која се наоѓа веднаш на брегот.

Езерото Инле, Бурма

Инле е второто најголемо природно езеро во Бурма и се наоѓа на околу 900 метри надморска височина.

Покрај чистата вода и зеленилото, домовите и начинот на живот на локалните жители го прават местото уште попримамливо.

Вернаца, Италија

Ова е италијанско рибарско гратче кое постои од 1000-та година. Во Вернаца има и светилник кој нуди неверојатен поглед кон околината, особено на изгрејсонце.

Големиот Кањон, САД

Големиот Кањон во САД е едно од најубавите ремек-дела на природата.

Кањонот изгледа волшебно во кој било дел од денот, но тамошното изгрејсонце не се споредува со ништо.

Пустината Атакама, Чиле

Лоцирана на 4.000 метри надморска височина, во северниот дел на Чиле, Атакама се смета за најсувата пустина во светот.

Пејзажот е исполнет со карпи и песочни дини, а изгрејсонцата изгледаат надреално.

Стоунхенџ, Велика Британија

Стоунхенџ е една од најмистериозните древни градби и се претпоставува дека е изграден пред 5.000 години.

Се верува дека една од намените на градбата е набљудување на зимската и летната рамноденица, па во тие денови од годината, овде идат безброј луѓе за да уживаат во изгрејсонцето и зајдисонцето.

Планината Фуџи, Јапонија

Со височина од 3.776 метри, Фуџи е највисоката планина во Јапонија.

А, без разлика од која страна се наоѓате и во кој период од годината, тамошните изгрејсонца се нешто што морате да го видите барем еднаш.

Таџ Махал, Индија

Најголемиот симбол на љубовта може да се пофали и со едно од најубавите изгрејсонца.

Бидејќи е направен од бел мермер, наутро сончевата светлина се рефлектира во цела палета топли бои.

Килиманџаро, Танзанија

Ако сакате планинарење и ако некогаш се најдете во Танзанија, не испуштајте ја можноста да уживате во изгрејсонцето на Килиманџаро.

Ова е вулканска планина, чиј највисок врв се наоѓа на 5.892 метри надморска височина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

11 Луѓе кои поима немаат како се вежба во теретана

15 Инструкции за употреба и етикети на производи од кои ќе „прснете“ од смеење