во

10 Судбоносни ситуации во кои луѓе платиле смешни износи за неверојатно вредни работи

Сите го знаеме она добро чувство кога ќе најдеме 100 денари во старата јакна? Па да ова е нешто слично само станува збор за работи многу поскапи и повредни. Овие 10 приказни покажуваат дека понекогаш среќата управува со нашите животи.

10. Прстен од 607.900 долари

Дебра Годард, жена од Западен Лондон, купила прстен од 13 долари на улична распродажба, за кој мислела дека е бижутерија. 33 години мислела дека е безведен се додека не морала да продава дел од старите работи и сфатила дека прстенот има дијамант од 26,27 карати. Таа го дала прстенот на аукција из аработила неверојатни 607.900 долари.

9. Навахо ќебе од 1,5 милиони долари

Во 2007 година еден човек од Калифорнија едвај врзувал крај со крај и не бил воодушевен што од неговата баба наследил старо ќебе, но го чувал од сентиментална вредност. Во 2011 година случајно гледал емисија за антиквитети и го препознал неговото ќебе, откако добро се распрашал сфатил дека ќебето вреди над милион долари и го продал за 1,5 милиони долари.

8. Декларација за независност – во вредност од 2,42 милиони долари

Човек од Филаделфија купил стара слика за 4 долари бидејќи му се допаднала рамката. По некое време сликата паднала и се скршила, а тој внатре пронашол стара копија од Декларацијата за независност. Истата се продала за 2,42 милиони долари.

7. Фаберже јајце-во вредност од $ 20 милиони

Еден претприемач го купил јајцето за 14.000 долари со цел да го претопи и да го продаде златото. Всушнст ова било едно од 8-те изгубени Фаберже јајца на Руската империја и вреди 20 милиони долари.

6. Џиновски бисер вреден 100 милиони долари

Еден рибар во 2006 година на островот Палаван, Филипини со сидрото удрил во „карпа“ тој за среќа си ја однел карпата дома и ја чувал 10 години. Кога одлучил да ја исчисти и да ја однесе во музеј сфатил дека станува збор за огромен бисер од 34кг кој вреди околу 100 милиони долари.

5. Исмевањето на Исус вредна 6,6 милиони

Една постара Жена од Франција сакала да ја продаде куќата и викната професионалец да ѝ ги процени работите. Сликата за која верувала дека е „стара слика од Русија“ всушност е познатото дело „Исмевањето на Исус“ вредно околу 6,6 милиони долари.

4. Слика на Џон Констабл вредна 400.000 долари

Сликата со големина на разгледница била купена за само 38 долари во британскиот град Кантербери во раните 2000-ти. Како што се испостави, пејзажот е насликан од уметникот од 19-от век Џон Констабл и вреди околу 400 000 американски долари.

3. Компјутер „Епл I“ – вреден 200.000 долари

Жена ја расчистувала гаражата откако починал нејзиниот сопруг и сакала компјутерот од прва генерација „Епл I“ да го однесе на рециклирање. Компанијата за рециклирање сфатила за што станува збор и го продале компјутерот за 200.000 долари, тие јавно ја барале жената за да ѝ дадат 50% од добивката, но не можеле да ја пронајдат.

2. Фотографија од Били Кид 5 милиони долари

Во 2015 година човек купил фотографија во продавница за антиквитети во Фремонт, Калифорнија за 2 американски долари. Како што подоцна се покажа, на сликата се озлогласениот Били Кид и членовите на бандата од округот Линколн и вредноста на сликата се проценува околу 5 милиони долари.

1. Скица на Енди Ворхол – во вредност од 2 милиони долари

Еден бизнисмен од Англија одел на распродажби низ Лас Вегас, кога налетал на скици за 5 долари. Енди Филдс, бизнисменот, ги набавил скиците од човек кој тврдел дека се на неговата тетка, кој порано го чувала Енди Ворхол како дете. Кога дома ја свртел скицата сфатил дека е на познатиот уметник и дека вреди околу 2 милиони долари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Некои работи изгледаат прилично кул ако се погледнат со микроскоп, како на пример пајажината и јајцето

Човек си го отстранил носот, ушите и го разделил јазикот за да може да изгледа како вонземјанин