во

Ја реновирала куќата, па во ѕидот нашла порака стара 23 години и добила корисен совет

Шарлот Морисон од Австралија наишла на необична сцена за време на реновирањето на нејзината куќа. Додека ги вадела тапетите од ѕидовите, здогледала порака стара 23 години, пренесува „FoxNews“.

Пораката неколку денови пред Божиќ во 1997-ма година, ја напишал тогашниот сопственик на куќата, Џон.

„Ако повторно ставате тапети во оваа соба, ќе ви требаат осум ролни тапети. Купив само 6 за 17 долари по ролна, на 5-ти декември, 1997-ма година и немав доволно. Тоа ме разбесни“, пишува во пораката.

Жената фотографијата со пораката ја споделила на социјалните мрежи и собрала повеќе од 18.000 лајкови.

„Изгледа дека бил многу бесен додека го пишувал ова“, „Зошто јас не најдов таква порака кога реновирав?“, биле дел од коментарите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

10 Ситуации од животот на мажите низ илустрации: Пред брак vs. Во брак

Која е најбесмислената работа на која сте потрошиле пари?