во

Пчелата боцка и умира, а свекрвата боцка, боцка, боцка и пак живее вечно – најсмешните вицеви за свекрвите

Свекрвите или (свèкривите) се една од омилените теми во Македонија. На нивната сметка се адресирани многубројни шеги и вицеви, па време е да се опуштиме и да се насмееме.

И секако, станува збор само за шега, па не си ги земаjте работите премногу при срце:

На венчавка, свекрвата и дофрла на невестата:

– Ќерко, венчаницата не ти е баш убава…

А невестата на тоа:

– Не се секирај, следниот пат ќе биде поубава!

 

Која е разликата помеѓу пчела и свекрва? – Пчелата боцка и одма умира, а свекрвата боцка, боцка и не умира.

 

Како се вика свекрва на јапонски? – По куќи ми фучи.

 

Прва брачна ноќ… младите во кревет… настапува кулминација.

Трпе вика: Трпанооо ќе ти ја изедам дун*ата!!!

Од ходникот се јавува свекрвата: Трпе, толку убава мусака сум ти направила, ти најде што да јадеш!

 

– Колега, што е работата со пациентката во соба број два?

– Не знаела дека свекрвата има близначка и кога на свадбата видела две свекрви, се мрднала ептен.

 

 Ѕвони свекрвата кај снаата:

– Како е мојот син?

– Ами како е… Пие ракија, скита по жени, мене пак ме тепа за ситници…

– Убав на мајка, само да не е гладен.

 

Збоpиф две кумановке и едната вика:

– А мори, што не га исечеш овуј стару кајсију?

– Ааа не, ќе га чувам за успомен, свекрва ми обесија се на њума!

– Епа штом е такој, да ми дадеш калем!

 

Една баба продавала јаболка на пазар:

– Ајде јаболка од Чернобил, ајде јаболка од Чернобиил…

Поминува некој човек и ѝ вика:

-Бабо, ти си луда бре, не викај така – кој ќе ти купи радиоактивни јаболка?

А бабата му вели:

– Купуваат синко, купуваат, те свекрва за снаа, те снаа за свекрва…

 

Му вели свекрвата на домазетот:

– Зете расипано е казанчето, поправи го.

– Што ми е гајле, не е мое.

Наредниот ден:

– Зете расипана е кадата, среди ја.

– Што ми е гајле, не е моја.

Се изнервирала бабата, му ја препишала целата куќа на зетот и следниот ден му вели:

– Зете, поправи го казанчето не чини.

– Што ти е гајле, не е твое.

 

– Ја познавате ли мојата свекрва?

– Да, задоволство ми беше да ја запознаам.

– Ох, тогаш не била мојата свекрва.

 

Отишол Трпе на автобуската станица и кога стигнал имал што да види – Трпана ги бакнува сите автобуси. Трпе ја гледа и не може да поверува на своите очи, па ја прашал:

– Ама ти арна ли си, зошто ги бакнуваш сите автобуси?

– А бе Трпе, еден од нив ја удрил свекрвата, ама не знам точно кој.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

13 Фото докази дека некои работи се можни само во Русија

22 Неуспешни обиди за готвење во карантин – не се сите за во кујна