во

Први фотки од мечето Теди на Белица – среќно и растрчано по страдањето во Штип

Неговиот живот комплетно се промени благодарение на совесни луѓе од Македонија, сега Теди конечно живее во благосостојба.

Мечето Теди, кое три ипол години живееше во несоодветни услови и мал кафез во ЗОО паркот во Штип, неодамна отпатува во резерватот на Брижит Бардо и Четири шепи во Белица, Бугарија.

Oткако совесни граѓани пријавија во какви нехумани услови живее Теди, беше започната акција за мечето да го добие домот што го заслужува.

Сега трча среќно на површина од 150.000 м2 и ги има сите услови за благосостојба.

„За убав ден, Теди е пуштен надвор во новиот дом во паркот во Белица. После неколку денови во карантин, мечето конечно ужива. Нема веќе решетки, нема веќе мокар бетон. Абе како насмеан и среќен е на фоткиве, се расплака“, напиша портпаролот на Скопје ЗОО, Тина Мицковска, во описот на фотографиите што ги објави на Фејсбук. Таа беше меѓу иницијаторите за спасувањето на Теди.

Првите фотографии од Теди во Белица:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

9 Работи на кои сè уште трошиме пари, а се сметаат за застарени

Леонардо ди Каприо не се срами од вишокот килограми – со „пуштен“ стомак ужива на плажа со татко му (фото)