во

Одби да се слика за Плејбој, знае да тетовира – Интересни факти за прекрасната Марго Роби

Марго Роби е дефиниција за успех. Многу малку актерски на нејзина возраст може да се пофалат со сработеното. Таа има неверојатни улоги зад себе, бројни награди, изгледа прекрасно, но што друго знаеме за оваа 30-годишна австралиска убавица?

Кружат гласини дека некогаш била дел од циркус и дека имала славна личност за цимерка… и уште што друго?

Дали одбила да се слика за Плејбој? Да

Пред смртта на Хју Хефнер, тој ѝ предложил на Марго да се слика за Плејбој. Иако ѝ била понудена значителна сума на пари, Марго ја одбила понудата. Таа воопшто не го сменила мислењето досега.

Нејзината тајна вештина? Тату мајстор

Марго Роби секако не е професионален тату артист, но има професионална машинка за тетовирање. Таа обожава да им прави мали тетоважи на пријателите, секако на оние кои ѝ го дозволуваат тоа.

Нејзината славна цимерка? Кристина Ричи

Одреден период Марго Роби живеела со цимерка, и тоа ѕвездата од хит филмот од 1991 година The Addams Family.

Дали некому „украла“ улога? Да, неколкупати

Таа „пред носот“ им ја „украла“ улогата на Џејн во „Тарзан“ на Ема Стоун и Џесика Честејн. За култниот The Wolf of Wall Street од 2013 година, Марго ги победила Роузи Хантингтон Вајтли, Тереза Палмер, Амбер Херд и Блејк Лајвли.

Дали е потенцијален кандидат за „Марвел“ универзумот? Да

Кога ќе се спомене брендот Марвел луѓето автоматски веднаш помислуваат на The Avengers. Но, тука се и Guardians of the Galaxy, the X-Men и the Fantastic Four, а Марго за малку ќе ја добиела улогата на Сју Сторм во Fantastic Four.

Нејзината прва улога? Австралиска сапунска серија

Пред да стане глобално позната ѕвезда, Марго Роби всушност глумела во помали улоги. Таа била дека од „сапунска“ ТВ серија и ја глумела Дона Браун во серијата Neighbors од 2008-2011 година.

Дали следи строга диета? Апсолутно не

„Се чувствувам ужасно доколку не јадам. Не можам да јадам секој ден салата и да пијам по половина чаша вино. Не можам да го правам тоа. Не знам како да бидам на диета“.

Кој спорт го обожава? Хокеј

Марго во една прилика изјавила дека сакала да игра хокеј на мраз, но за жал живеела во град кој бил мошне топол. Играла хокеј на терен, но кога се преселила во Америка конечно добила шанса да се испроба на мраз. Таа е голем обожавател на спортот поради возбудата и адреналинот.

Дали се појавила на аудиција за улогата на Харли Квин? Не

Кога ја прашале за улогата на Харли Квин во филмот Suicide Squad таа изјавила дека не била на аудиција туку улогата ѝ била понудена и таа ја прифатила.

Дали посетувала училиште за акробати? Секако дека да

Кога имала само 8 години, мајката на Марго ја запишала на часови за трапез. Колку и да звучи чудно, вештините ги видовме на филмското платно, особено за време на сцените во Suicide Squad.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најубавите Disney зимски моменти прикажани низ фотографии кои ќе ви ги згреат срцата

Кога немаш пари за кујна-играчка која ја сака ќерка ти, но имаш креативен ум (фото)