во ,

Овој мачор ги има најсимпатичните мустаќи кои некогаш сме ги виделе

Ако сте корисник на Инстаграм и љубител на мачки, веројатно веќе го знаете Гринго. Овој 2-годишен мачор има бели мустаќи кои го освоиja интернетот, но и неговите сопственици.

Имено, Сабрина и нејзиниот партнер Ромејн посетиле едно засолниште за бездомни животни во Франција со намера да посвојат мачка. Меѓутоа, четирите малечки шепи дотрчале до парот и не сакале да се одвојат од него.

“Започна да преде и да нè прегрнува. Како да нѝ велеше дека нè одбра и дека сака да си заминеме дома”, вели Ромејн за “Love Meow”.

Сабрина и Ромејн не можеле да го одбијат мачорот. Го повеле со себе и му го дале името Гринго. Веднаш сфатиле дека тој има уникатен карактер, токму како и посебниот изглед кој им го должи на симпатичните мустаќи.

“Има навика да стои на задните нозе. Одлучен е и кога нешто ќе посака, тоа и го остварува”, додава Ромејн.

Што се однесува до неговите мустаќи, тие го направиле ѕвезда. На Инстаграм, Гринго го следат речиси 75.000 луѓе, а неговите фотографии на сите им мамат насмевки на лицата.

View this post on Instagram

May the 4th be with you 🌑 #starwars

A post shared by O’gringo Official (@gringomoustachecat) on

View this post on Instagram

Hello you 🥰 Happy throwback Thursday ❤️

A post shared by O’gringo Official (@gringomoustachecat) on

View this post on Instagram

Happy new week everyone ☀️❤️

A post shared by O’gringo Official (@gringomoustachecat) on

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

12 Фотографии кои докажуваат дека некои луѓе едноставно немаат среќа

Тоа што прво ќе го воочите на фотографијата докажува каква личност сте – полна со љубов или?