во

Ново најниско слетување? Погледнете колку блиску минува авионот до луѓето на аеродромот во Скијатос

Бидејќи аеродромската писта на Скијатос е релативно кратка, пилотите мораат да и приоѓаат максимално ниско за да сопрат на време.

На социјалните мрежи се појавила снимка за “срцев удар”.

Имено, на снимката се гледа патнички авион на компанијата “WizzAir” како прелетува на само неколку метри над главите на туристите и слетува на аеродромот на Скијатос.

На снимката се гледаат луѓе како збунето гледаат во авионот кој се доближува се пониско и пониско. Еден набљудувач дури и почнува да се оддалечува од патот во очекување на ниско слетување.

Други се слушаат како изненадено викаат поради буката на моторот додека розово-белиот авион се спушта на само неколку метри над главите на набљудувачите.

Авионот безбедно слетал и никој не е повреден. Бидејќи аеродромската писта на Скијатос е релативно кратка, пилотите мораат да и приоѓаат максимално ниско за да сопрат на време. Околу аеродромот постојат предупредувања дека приодот е забранет, но луѓето, како што се гледа и на снимката, во главно ги игнорираат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

15 Најсмешните твитови за Васко Жабата: „Водам сериозни бизнис разговори, а во глава ми ѕвони Васко жабата“

14 Фотки кои ќе направат да се чувствувате минијатурно