во ,

Најубавата плажа на Закинтос претворена во депонија: „Што ве тера да ја уништите?“

„Грчко лето 2022…“ – стои во описот на фотката која Грк ја објави од Navagio плажата на Закинтос, на која има куп ѓубре. Навистина што е тоа што ги тера луѓето да ги уништуваат најубавите плажи во светот?

На Фејсбук вирално се шири фотографија направена и објавена од Михаел Бакас, на која се гледа како една од најубавите плажи во Грција (и светот) е претворена во депонија.

Navagio плажата до која се стига само со брод, се смета за популарна дестинација и една од најубавите плажи која секогаш се наоѓа на листите со предлози за посета.

Но, освен ситниот бел песок, тиркизната вода и бродот кој е туристичка атракција, изгледа уште нешто привлекува внимание на плажата…

„Грчко лето 2022… Не разбирам како плаќате за да одите на неколку часа на најубавите плажи во светот и таму си го оставате ѓубрето…“ – стои во описот на Гркот кој објави фотка од Navagio плажата на Закинтос.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Физичар објавил фотографија од парче колбас и напишал дека е најблиска ѕвезда до Сонцето, а потоа се извинил

Мистеријата на напуштениот авион во поле на Бали: Никој не знае како стигнал таму