во ,

Мали ситници кои мамат насмевка на лицето на жените и ги усреќуваат

Знаевте ли дека воопшто не е тешко да ја усреќите вашата сакана?

Многу мажи се убедени дека е невозможна мисија да ја насмеат и расположат својата партнерка, но ова не е точно.

Воглавно, жените сакаат да им покажете дека сте овде за нив и дека ги цените, и да им обрнете малку внимание.

Сега веќе немате изговори – Наместо да велите дека се комплицирани, обидете се почесто да ги правите овие работи:

1. Испратете ѝ порака за добра ноќ пред да си легнете.

2. Испратете ѝ порака за добро утро откако ќе станете.

3. Почесто кажувајте ѝ дека е убава.

4. Одвреме-навреме изненадете ја со некој мал, евтин подарок.

5. Осигурете се дека знае дека ви е страв да не ја изгубите.

6. Однесувајте се добро кон неа – и кога сте сами, и кога сте во друштво.

7. Бидете овде кога сте ѝ потребни.

8. Испратете ѝ порака во текот на денот и кажете ѝ дека ви недостасува.

9. Осигурете се дека најважните луѓе во вашиот живот знаат која е таа.

10. Направете ја приоритет, а не опција.

11. Поминете цела вечер само со прегратки.

12. Помогнете ѝ да го облече палтото. Држете ја вратата отворена за неа. Покријте ја ако заспала во дневната.

13. Признајте кога ќе направите грешка и извинете се.

14. Дајте ѝ комплимент за нејзиниот изглед, дури и кога таа смета дека изгледа ужасно.

15. Изненадете ја и тајно испланирајте забавен состанок во кој ќе уживате и двајцата.

16. Почитувајте ја, заедно со сите нејзини интереси, недостатоци, мислења…

17. Танцувајте со неа, дури и кога сте сами дома.

18. Изненадете ја со прегратка или бакнеж кога најмалку очекува.

19. Поддржувајте ги нејзините амбиции и засакајте ги нејзините недостатоци.

20. Осигурете се дека таа е свесна дека никогаш нема да ја изневерите.

21. Дајте ѝ го вашиот блузон ако ѝ студи.

22. Рачно напишете ѝ слатка порака.

23. Бидете со неа кога е ранлива и не дозволувајте ѝ да се откаже од нејзините соништа.

24. Никогаш не им дозволувајте на другите да имаат негативно влијание врз вашата врска.

25. Прегрнете ја кога сте во јавност за да сфати дека сте горди што е покрај вас.

26. Преземете го првиот чекор. Не чекајте таа да биде иницијатор за сè.

27. Слушајте ја внимателно секојпат кога ви зборува.

28. Ветете ѝ дека никогаш нема да ја повредите и исполнете го тоа ветување.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Која е вистинската намена на проѕирните тоалети во Јапонија?

Затвор, дрога, насилство: Мрачни тајни за децата на славните