во

Која е приказната зад мистериозната „најосамена куќа во светот“ која стана хит на интернетот

Куќата се наоѓа на Елижај, напуштен остров кој лежи јужно од Исланд. Додека историски имало мало население, останатите неколку жители си заминале од островот во 1930-тите за да живеат на копно. Неколку гласини првично се појавија за потеклото на осамената куќа и нејзиниот сопственик.

Најосамената куќа сместена на овој исландски остров, е ненаселена повеќе од 100 години. Првите теории биле дека куќата му припаѓа на милијардер кој ја купил во случај да има некој вид на апокалипса во светот. Но, набргу овие претпоставки беа отфрлени.

Всушност куќата всушност воопшто не е куќа, осносно не е нечиј дом. Таа е ловна куќа сопственост на ловечкото здружение Елишеј. Оддалечениот остров има голема популација на стада пуфин, кои не се незаконски да се ловат на Исланд и покрај тоа што се загрозен вид.

Самиот остров е наведен како природен резерват и заштитено подрачје, поради тоа што е главно место за гнездење на различни видови морски птици.

Исто така не би била многу добра резиденција бидејќи островот нема електрична енергија, водовод, канализација и слично. Сепак имотот може да се пофали со еколошка сауна, која се напојува од системот за собирање дождовница. Но, тешко дека ќе добиете сигнал од телефонот таму, а за интернет и да не дискутираме.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Најголемите мистерии за 2020 кои можеби никогаш нема да ги сфатиме

„Со пари можеш да купиш куќа, но не и дом“: Најмоќното видео за тоа дека парите не значат среќа