во ,

Како изгледаат хероите од најпознатите мемиња кои ни ја одбележаа младоста?

Мемињата се насекаде околу нас, особено во виртуелниот свет. Тие се можеби и главната причина зошто поминуваме толку многу време на интернет. Дел од нив вклучуваат незаборавни ликови кои дефинитивно ни ја одбележаа младоста и нè смееја со години наназад.

Но, каде се денес хероите од најпознатите мемиња, што прават и како изгледаат?

Детето предодредено за успех (Сем Грејнер)

Ова меме се појави во далечната 2007 година откако Лени Грејнер објавила фотка на Flickr од нејзиниот син Сем кој се обидува да јаде песок. Останатото е историја.

Кученцето Доџ (Кабосу)

Ова меме стана популарно во 2013 година, засновано на фотката на вдоменото кученце со име Кабосу. Фотката е оригинално направена во 2010 година, а Кабосу оригинално седел на креветот и гледал странично кон објективот со кренати веѓи. Денес Кабосу има 15 години и е исклучително популарен на Инстаграм.

Девојчето „пироман“ (Зои Рот)

Дејв Рот успеал да ја фотографира својата ќерка Зои во 2204 година, додека таа гледала како пожарникарите се борат да го изгасат пожарот на само 2 блока од нивниот дом во Северна Калифорнија. Со оваа фотка Дејв учествувал на натпревар на фотографии за познато списание во 2007 година и ја освоил првата награда. Оттогаш истата се прослави и стана култно меме.

Момчето што трепка (Дру Сканлон)

Мемето во формат на GIF потекнува од 2013 година додека Дру работел како продуцент на популарна веб-страница за видео-игри. Познатата реакција ја направил додека го гледал неговиот главен уредник како ја игра дводимензионалната игра од жанрот акција-авантура Старбаунд.

Човекот што ја крие болката (Андрас Арато)

Мемето ја отсликува реакцијата на моделот Андрас Арато, со израз на лицето што се чини дека укажува на потисната болка. Во септември, 2018 година, Арато бил еден од домаќините на TedTalk Киев, Украина, каде што зборувал за неговата приказна и животот како популарно „меме“.

Момчето со протези (Кајл Крејвен)

Популарното меме кое најчесто се користи како синоним за несреќа, срамни или трагични настани е всушност оригинално поставено на Редит од страна на пријателот на Кајл, Иан Дејвис.

„Ти текнува?“ (Кајоди Евуми)

Ова исклучително популарно меме потекнува од серија на Би-би-си, а годината на создавање е 2016. Во неа глуми актерот Евуми кој покажува кон главата, се насмевнува и дава коментар за убавите жени. Актерот во моментот има 27 години.

Главни проблеми во светот (Силвија Ботини)

Лицето зад ова познато меме е всушност наградуваната италијанска актерка Силвија Ботини, а најчесто го употребуваме кога сакаме да потенцираме дека премногу се заморуваме со небитни прашања и проблеми.

Опседнатата девојка (Лејна Морис)

Ова меме всушност потекнува од музичко видео (пародија) на YouTube кое Лејна го создала од забава во 2012 година. Таа сосема случајно станала меме со нејзиниот израз на лицето кој отсликува девојка која е опседната со момчето.

Од тогаш, Морис наишла на сериозни проблеми со приватноста, поради тоа што обожавателите започнале да ја прогонуваат насекаде. Во 2019 година објавила дека засекогаш ја напушта YouTube платформата.

Вонземјаните се виновни за сè! (Џорџо Цукалос)

Човекот зад славното меме е роден во Швајцарија. Тој е писател, ТВ-водител и продуцент, најпознат по улогите во ТВ серијата „Античките вонземјани“. Тој воедно е поддржувач на теоријата дека античките вонземјани астронаути комуницирале со античките луѓе.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

10 Хумористични фото докази за маките на високите луѓе

16 Секојдневни „необјасниви“ фотки кои ќе измамат насмевка на вашето лице