во

За 3 седмици направил чудо од стар таван – резултатот воодушевил половина милион луѓе


Трансфoрмацијата на овој таван ги воодушевила луѓето на социјалните мрежи и добила речиси половина милион лајкови на социјалната мрежа Твитер.

Родолфо Кабрера, инаку сопственик на компанијата „Remodeling & Design LLC“, на својата сопруга одлучил да ѝ го исполни сонот и од нивниот напуштен таван создал мало модерно катче за какво што многумина сонуваат.

На социјалните мрежи кружи и бројка за која што се смета дека човекот ја вложил во неговото реновирање, а тоа е од 25.000 до 30.000 долари, но сепак многумина од корисниците тврдат дека тоа е навистина исплатливо.

Овој човек на проектот работел околу три седмици, а направил и интересни скали.

„Ова е премногу убаво“, „ОК, сега на пописот на идеални карактеристики кај мажите мора да го додадам и ова“, „Веднаш одам да купам градежни материјали и таму да си најдам момче“ – се само дел од коментарите на воодушевените луѓе.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Се сеќавате ли како изгледаа летата кои ги поминувавме во ваквите сандали?

Колку триаголници гледате на сликата? Решението на оваа загатка збуни многумина