во

Делфините зборуваат во сон, слоновите жалат за саканите – Факти што докажуваат колку сме слични со животните

Мислевте дека зборувањето во сонот, тагувањето за починатите и дебелеењето од стрес се карактеристични само за човекот?

Со животните делиме многу од нашите „човечки“ особини, што само потврдува дека и не сме толку уникатни.

Во продолжение погледнете ги фактите што ќе ви докажат дека во животните има многу повеќе „човечност“ отколку што мислиме:

Слоновите со денови жалат за своите сакани

Според истражувањата, слоновите се изложени на интензивен стрес кога ќе изгубат некој сакан. Всушност, некои од нив можат да жалат за смртта на друг слон и неколку месеци.

Било забележано и дека ако слоновите отидат на местото каде што умрел слон што им бил „близок“, му оддавале еден вид почит. Односно, стоеле тивко и мирно на местото неколку минути.

Наводно, шимпанзата чувствуваат емпатија

Во некои истражувања, шимпанзата покажале знаци на емпатија. Наводно, тие можат да ги почувствуваат и разберат туѓите емоции.

Исто како и кај луѓето, се покажало дека нивото на емпатија било различно кај секое шимпанзо.

Едно истражување забележало и дека шимпанзата импулсивно ги тешат другите од својот вид после пресметка.

Глувците покажуваат изрази со лицето

Според едно истражување, глувците ги искажуваат нивните емоции слично како и луѓето. Наводно, кога чувствувале болка, покажувале неколку различни изрази на лицето.

Истовремено, се покажало дека глувците можат да ја согледаат болката кај другите од нивниот вид и можат да си ги „прочитаат“ емоциите.

Делфините веројатно зборуваат во сон

Во францускиот воден пар Planete Sauvage биле направени неколку снимки на кои се гледа како делфините имитираат звуци од кит додека спијат.

Според француските истражувачи, делфините можеле да ги слушнат овие звуци само во текот на денот. Навечер, пак, веројатно ги имитирале, како еден вид зборување во сонот.

Гулабите можат да се однесуваат нерационално

Според едно истражување, гулабите веројатно сакаат да се коцкаат и понекогаш, свесно или несвесно, ја одбираат поризичната опција.

Се покажало дека понекогаш, овие птици го одбираат потешкиот пат за да ја добијат понудената награда. Според научниците, ова однесување е многу слично на човечкото.

Мачките можат да се здебелат ако се депресивни

Депресијата кај животните не е ништо ново, но малку се знае за нејзиното влијание.

Изгледа дека мачките можат да се здебелат од стрес, анксиозност или ако се несреќни. Односно, драстичната промена во масата на животното може да е поврзана со неговата емоционална состојба.

Веќе знаеме дека истото им се случува и на луѓето.

Мајмуните тамарин многу сакаат да „разговараат“

Според едно истражување, мајмуните имаат комплексен систем за комуникација што го сочинуваат разни крици и звуци. Истовремено, тие се можеби и единствените животни кои можат да шепотат исто како луѓето.

Меѓу другото, истражувањето покажало дека тамарин мајмуните многу сакаат да комуницираат едни со други.

Глувците можат да научат да возат автомобил

Група истражувачи научиле глувци како да возат автомобили, односно како да управуваат со волан и да го контролираат процесот на движење за да добијат награда.

Ова значи дека глувците се способни за многу покомплексни задачи отколку што мислиме.

И кравите страдаат од променливо расположение

Научниците заклучиле дека однесувањето на кравите станува помалку предвидливо со возраста.

На пример, некои крави, некогаш веднаш почнувале со истражување ако се во нова околина, но некогаш не се ни помрднувале од место.

Ова значи дека и тие имаат променливо расположение.

Можно е кучињата да сакаат музика

Претпоставката дека кучињата сакаат музика не е нова. На интернет можете да најдете безброј видеа од кучиња кои „пеат“, па дури и се обидуваат да танцуваат покрај нивните сопственици.

Едно истражување веројатно го потврдило ова. Се покажало дека класичната музика ги релаксира кучињата, а реге и рок музиката го намалуваат нивото на стрес. Се претпоставува дека причината за ова е тоа што овие жанрови имаат сличен ритам како оној на кучешкото срце.

Мајмуните знаат да делат како луѓето

Приматолозите открија нови докази според кои мајмуните не само што соработуваат за да најдат храна, туку на крај и го делат она што го собрале.

Веројатно причината е заемната поддршка.

Мајмуните знаат да делат како луѓето

Приматолозите открија нови докази според кои мајмуните не само што соработуваат за да најдат храна, туку на крај и го делат она што го собрале.

Веројатно причината е заемната поддршка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Каков газда, таков миленик – кучињата попримаат особини од сопственикот

13 Типови луѓе кои ни го блокираат патот кога брзаме, низ илустрации