во

Го немало Господ цела недела во рајот. Се појавува тој конечно, па Свети Петар го прашува…

Го немало Господ цела недела во рајот. Се појавува тој конечно, па Свети Петар го прашува:

– Боже, мили, па каде беше цели седум дена?

– Ех, Свети Петре, да видиш каква креација сум направил, чисто совршенство. Направив една планета, ја наполнив со мориња, но, за рамнотежа, ставив и планини.
Направив луѓе, мажи… Но, за рамнотежа, направив и жени. Ги направив да бидат добри, но, за рамнотежа направив да има и лоши. И на крајот, за мој мерак, сум направил едно мало парче земја, како рајот личи… поточиња жуборкаат, ливади се зеленеат, бистри езера и планински рекички, луѓе насмеани и весели, најубава храна им подарив, Македонија ја нареков… прекрасно, прекрасно…

– Па, добро, ама каде ти е тука рамнотежата?

– Какви соседи сум им наместил, да знаеш само…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

14 Фотографии во кои ќе се пронајдат сите оние кои се во брак

Ајде сега сите да фрлите по еден предмет во океанот и после 10 минути јас ќе се фрлам во океанот…