во , ,

Волонтери ја дешифрираа пораката испратена од серискиот убиец Зодијак

По 51 година, меѓународна група волонтери пробија шифрирана порака од познатиот сериски убиец, Зодијак, кој никогаш не беше фатен. Сем Блејк (Австралија), Јарл Ван Ајке (Белгија) и Дејвид Оранчак (САД) направија голем успех со шифрата со 240 карактери на 3 декември и ја дешифрирале на 5 декември, за подоцна да ја испратат шифрата на ФБИ.

Кодираната порака, позната како шифра 340, била испратена во писмо упатено до весникот „The San Francisco Chronicle“, во ноември 1969 година и ги збунува властите повеќе од половина век.

Дешифрираната порака гласи: „Се надевам дека многу се забавувате обидувајќи се да ме фатите. Не се плашам од гасната комора затоа што таа ќе ме испрати во рајот [побрзо] бидејќи сега имам доволно робови да работат за мене.“

Оранчак, 46-годишен веб-дизајнер од Вирџинија, се надеваше дека шифрата ќе открие нови информации за идентитетот на серискиот убиец. Сепак, како што забележа, пораката „навистина не кажува многу“ туку само истото „барање на внимание од Зодијакот“. Дејвид работел на дешифрирање на пораката од 2006 година.

Камерон Полан, портпарол на канцеларијата на ФБИ во Сан Франциско, на весникот му ја испратил следната изјава за потврда: „ФБИ е свесен дека шифрата што му се припишува на убиецот на Зодијакот неодамна беше решена од приватни граѓани. Случајот „Зодијак убиец“ останува во тек. Зодијакот убиец тероризираше повеќе заедници низ Северна Калифорнија и иако поминаа децении, ние продолжуваме да бараме правда за жртвите на овие брутални злосторства. Заради постојаната природа на истрагата и од почит кон жртвите и нивните семејства, во овој момент нема да даваме дополнителни коментари.“

Ова е втор пат да се реши кодирана порака од убиецот. Првиот код е познат како „Шифра 408“ и гласеше „Сакам да убивам затоа што е многу забавно“, повторно давајќи малку информации за идентитетот на убиецот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 интригантни места кои беа пронајдени благодарение на „Гугл мапс“

11 Неверојатни факти за славните личности кои веројатно не сте ги знаеле