во , ,

Баба ѝ го исплела џемперот од соништата на внука си, кој таа го нацртала за домашна задача

Кој не би посакал ваква баба? Нејзината внука ќе го памети ова изненадување до крајот на животот.

Џули Кординер од Велика Британија е баба која направи прекрасен потег за својата внука и го воодушеви светот.

Таа сподели на Твитер фотографија од нејзината прекрасна внука во новогодишен џемпер, кој таа ѝ го исплела, откако видела дека внука ѝ го нацртала за домашна задача.

Малото девојче добило домашна задача да го нацрта својот празничен џемпер од соништата, а Џули ја изненадила со потегот што нејзиниот сон го претворила во реалност.

„Изразот на нејзиното лице кога го виде џемперот беше бесценет“, споделува Џули на Твитер.

Нејзиниот потег стана вирален хит:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Кога немаш пари за кујна-играчка која ја сака ќерка ти, но имаш креативен ум (фото)

7-тонски масивни топки од 19 век сѐ уште ја кријат мистеријата за што точно служеле