во

Ајде сега сите да фрлите по еден предмет во океанот и после 10 минути јас ќе се фрлам во океанот…

Cи биле Американец, Македонец и Французин. Се возиле во едeн брод и кога стигнале на сред океан испаднал ѓаволот и им рекол:

– Ајде сега сите да фрлите по еден предмет во океанот и после 10 минути јас ќе се фрлам во океанот да го барам, ако ја најдам ве јадам.

Прв бил Американецот, барал, барал во торбата и нашол една игла, ја фрлил. После 10 минути ѓаволот се фрлил во океанот и ја нашол иглата и го изел американецот.

Следен бил Французинот. Скинал едно влакно од косата и го фрлил. По 10 минути ѓаволот се фрлил и го нашол и го изел и него.

Македонецот извадил нешто бело од џебот и го фрлил. Ѓаволот се насмевнал, а Македонецот рекол:

– Ова нема да можеш да го најдеш.

По 10 минути ѓаволот се фрлил и барал 1 саат, 2 саати, 5 саати, 1 ден го немало ѓаволот. Излегол од и рекол:

– Добро тебе не те јадам, спасен си само кажи ми што фрли?

И овој македонецот рекол:

– Ти кажав дека не можеш да го најдеш, фрлив шумеча таблета.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Го немало Господ цела недела во рајот. Се појавува тој конечно, па Свети Петар го прашува…

Двајца полицајци си патролираат низ Скопје и кога наеднаш гледаат еден мајмун на улица…