во , ,

Ако некогаш сте посакале да проживеете еден ден како ликовите од „The Office“, сега го можете тоа

Култната серија „The Office“ во текот на своите 9 сезони доби многу обожаватели ширум светот, а верните фанови ги очекува вистинско изненадување.

Сега можете да ги посетите канцелариите на компанијата „Dunder Mifflin“ и нејзиниот најдобар огранок во Скрентон, а за нештата да бидат уште подобри, можете да проживеете некои од култните епизоди кои ја одбележаа серијата.

„Booking“ нуди „The Office Experience“ со уникатно искуство за преноќување во најпознатата канцеларија. Рекреацијата на сетот е сместена во Вашингтон и вклучува сè што можевте да видите во серијата, од канцеларијата на Мајкл Скот, преку конференциската сала и работното место на Пем, па сè до познатиот магацин и фармата на Двајт.

Просторот кој се протега на два ката е креиран во соработка со креаторот на американската верзија на серијата Грег Даниелс и изобилува со реквизити од оригиналниот сет. Освен тоа, ќе наидете на разни референци како славното чили на Кевин или сцената со борбата со напумпаните сумо борачи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 Луѓе кои лузните на телото си ги претвориле во ремек-дела со тетоважа

9 Навики на Италијанките поради кои важат за совршени жени