во

8 Работи кои ви ја издаваат несигурноста во себе

Самодовербата е тесно поврзана со менталното здравје на човекот.

Има неколку работи со кои издавате дека сте несигурни во себе, а тоа им дава за право на другите да ја искористат оваа ваша слабост.

Што прават луѓето со ниска самодоверба и дали вие припаѓате во оваа група?

1. Претерувате со оптимизмот, позитивноста и насмевките. Сосема е во ред да имате лоши денови, доколку тоа не е постојано.

2. Сакате да имате совршен резултат секојпат. Неуспехот ве фруструра, наместо да ве мотивира.

3. Сите забелешки си ги сфаќате лично. Постојано мислите дека другите ве критикуваат, наместо да го сфатите како позитивно и да се подобрите.

4. Сметате дека „достигнувањата“ и успесите во животот треба јавно да ги споделите со целиот свет. Во ред е да споделите нешто што навистина сакате, но не да мислите дека мора да го направите.

5. Не знаете да кажете не, дури и по цена да сте несреќни.

6. Постојано барате поддршка или одобрување од другите. Тука се вбројуваат и изнудените комплименти, молењето за лајкови, гласови и слично.

7. Постојано имате крајно катастрофални сценарија во главата.

8. Секогаш другите се виновни. Никогаш не сте вие.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

12 Забавни фото докази дека мажите остануваат деца цел живот

Нов тренд на TikTok: Девојките од старите UGG чизми си прават топлинки