во , ,

5 Објекти низ светот што изгледаат застрашувачки, но и импресионираат

Во продолжение од текстот следува листа на архитектонски чуда, кои освен што нè застрашуваат, истовремено и нè импресионираат:

Во Бугарија, издигнат на планините, се наоѓа Buzludzha – Меморијалниот дом на Бугарската комунистичка партија, отворен во 1981 година.

Објектот бил финансиран од граѓаните на социјалистичкото движење во Бугарија. По транзиција во демократска држава, објектот е напуштен и таков постои до ден денес.

Тука може да го сместиме и музејот Риверсајд во Глазгов, кој е посветен на транспортот и до сега има добиено бројни награди.

Во неговите простории се наоѓаат преку 3.000 објекти прикажани на различни екрани. Од скејтборди, локомотиви па сè до колички и автомобили.

Поранешен истражувачки институт за експериментална медицина е лоциран во Берлин и некогаш се сметал за еден од најистакнатите универзитети во Германија.

Во Западниот Берлин за време на Студената војна бил отворен и се однесувал на статусот на Западен Берлин како дел од слободниот свет, наспроти советските окупирани области.

Hallgrímskirkja е парохиска црква и национално светилиште во Рејкјавик, Исланд. Воедно и најголемата црква таму, висока 74,5 метри, а се смета и како една од најголемите објекти во земјата.

Неговата фасада е олицетворение на исландскиот пејзаж и модернизмот.

Во Дубаи се наоѓа облакодерот The Maze Tower, чија предна и задна фасада претставува лавиринт.

Зградата е завршена во 2011 година и во се наоѓаат 25 канцелариски катови, кат со градина, 24 станбени ката и покрив со базен.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најстрашните чуда на природата: Mеста што ќе ги исплашат дури и најхрабрите

Мајка на 4 мали деца низ хумористични илустрации прикажува како ѝ изгледа животот во изолација