во ,

17 Работи кои луѓето ги прават и почесто од што мислите за да заштедат „некој денар“

Понекогаш се случува да ви останат малку пари пред следната плата, а тогаш морате да бидете креативни за некако да го „истуркате“ месецот.

Речиси сите луѓе се нашле во ваква положба, па триковите за штедење им се познати на повеќето.

Некои трикови дури се добри за максимално искористување на продуктите кои ги купуваме, но дел од нив не се за оправдување, како на пример – носење своја храна и пијалаци во кино.

Сепак, во нормални услови (кога нема пандемија и затворени објекти) луѓето прават вакви работи многу почесто отколку што мислите, а во некои од овие трикови дури и самите ќе се пронајдете.

Со колку од овие трикови сте се послужиле и вие?

Перење на автомобилот на дожд наместо во автоперална

Додавање вода во шампонот за да издржи за уште неколку миења

Гледање „направи сам“ туторијали за да си направите нешто наместо да го купите

Бесплатно користење тестери наместо купување нов парфем

Купување само продукти што се на попуст

Измислување нови рецепти користејќи го она што ви останало во фрижидерот

Разредување на доматниот сос со вода за да добиете повеќе

Користење на пластичните кутии од кисело млеко, сладолед и слично за складирање друга храна

Користење заеднички профили на „стриминг“ платформите за да ги намалите месечните трошоци

Користење стари блузи и облека за чистење, наместо купување нови крпи

Пешачење до работа или каде било, наместо одење со такси или јавен превоз

Следниве трикови се однесуваат на услови кога не владее епидемија и кога беа отворени сите објекти:

Снабдување со сосови од ресторани за да остане за дома

„Шверцување“ грицки и пијалаци во кино

Порачување само едно кафе во ресторан, за седење од 3 часа

„Дегустирање“ бесплатни примероци наместо купување

Користење на бесплатниот интернет по јавни места за да не го надминете лимитот

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

6 Смешни илустрации за сите што натрупаа резерви на тоалет хартија

26 Кулинарски утки кои професионалните готвачи не би ги простиле