во

15 Факти за една од најубавите жени на светот, Моника Белучи

Моника Ана Марија Белучи е родена на 30 септември, 1964 година во италијанското село Цита ди Кастело, Умбрија, како единственото дете на Брунела Бриганти и Пасквале Белучи.

Уште на рани години нејзиниот надворешен изглед не можел да помине незабележано, така што таа „запливува“ во водите на моделството уште како тинејџерка.

Со оглед на брзиот напредок, Моника  својата филмска кариера ја започнува уште во ’90-те и за нејзини првенчиња се сметаат филмовите Dracula и The Apartment.

Во 1996 година таа e номинирана за најдобра споредна актерка за улогата на Лиза во The Amartment и со самото тоа ја зацврстува својата позиција во филмската индустрија. Познато е дека пред нејзиното екстремно прославување како модел, Белучи студирала право.

Во 1990 година италијанската актерка запливала во брачните води, а нејзин избраник бил фотографот Клаудио Басо. Овој брак неславно завршил после четири години, односно во 1994 година Моника и Клаудио се разделиле.

За нејзина отскочна даска се смета добропознатиот филм Malena, каде Моника Белучи нашироко доби многубројни признанија за нејзината драматично-маестрална изведба, глумејќи ја жената која за брзо време станува „еротска“ опсесија ширум целиот свет.

Во 1999 година брилијантната Моника по вторпат стапува во брак, овојпат со францускиот актер Винсент Касел, со кого има две ќерки, Дева родена во 2004 година и Леони родена во 2010 година. Во 2013 овој славен пар се разведува.

На свои 58 години, Моника Белучи сѐ уште се смета за женска икона која позади себе остави „прашина“ во однос на светската филмска кинематографија.

Помалку познати факти за италијанскиот секс-симбол,  Моника Белучи:

Таа е најстарата Џејмс Бонд девојка.

Во 2015 година имавме прилика да ја видиме Белучи во улогата на Лусија Скиара во добропознатиот James Bond – Spectre, кој имено е претпоследна објава на Бонд-филмовите, со оглед на тоа што премиерата на новитетот No Time to Die, по неколку откажувања премиерно беше прикажана во 2021 година.

Белучи за Sunday Times изјави дека кога се сретнала со режисерот Сем Мендес, за да разговараат за понудата, таа му рекла: „Јас не сум девојче, јас сум жена, зрела жена. Зошто ми се јави? Имам 50 години, што ќе правам во Џејмс Бонд?“ Според Белучи, Мендес се насмеал и ѝ одговорил: „За првпат во историјата, Џејмс Бонд ќе има приказна со зрела жена. Концептот е револуционерен“.

Со самото тоа, Белучи влегува во историјата како најстарата Бонд девојка што некогаш се појавила.

Во 2004 година, додека била бремена со својата ќерка Дева, Белучи позирала гола за италијанскиот магазин Vanity Fair

Овој нејзин поттик, всушност бил знак на протест против италијанските закони кои спречувале употреба на донирани сперматозоиди.

Од 2006 година, па сѐ до денес, Моника Белучи е заштитно лице на Диор

Со нејзиниот грациозен став и беспрекорно лице, воопшто не е изненадувачки што Италијанката Моника Белучи е избрана за заштитно лице на козметичките кампањи на Диор, на нејзина „зрела“ возраст од 40 години.

Многу години подоцна, заводливата убавица сè уште е предводник на овие кампањи, заедно со извонредните Шерон Стоун и Шарлиз Терон.

Моника Белучи е вистинска муза за компанијата Dolce & Gabanna

Всушност, таа е нивно заштитно лице уште од 1990 година, што значи дека веќе 31 годинa претставува извор на инспирација за италијанските дизајнери.

Еден особено впечатлив факт е тоа што во почит на нејзината убавина, ова светско познато дуо лансираше ексклузивна капсула за кармини насловена „Моника“, во 2012 година.

Завидни пропорции: 92-62-92

Критичарите како критичари се секогаш брутално искрени, но во поглед на пропорциите на оваа актерка „благо“ кажано, останувале занемени.

Со мало варирање (плус или минус 2-3 сантиметри), Белучи гордо го носи трофејот за совршена пропорционалност на телото. Меѓудругото, таа е висока 1.78 сантиметри, додека нејзината тежина се движи од 63-68 килограми.

Во врска со големината на чевли, таа ја зазема бројната големина 40-41. Многу медиуми постојано ја вклучуваат Белучи на ранг-листата на познати личности со најголема големина на стапалото.

Нејзини омилени актерки се Софија Лорен и Клаудија Кардинале

Таа неколкупати изјавила дека навистина сака да учи од „старата школа“ и смета дека овие две актерки навистина ги поставиле темелите на актерството.

На прашањето кој е нејзин омилен филм, таа без многу размислување одговорила дека тоа е филмот A Special Day, од Еторе Скола.

Белучи не сака нејзините ќерки да чекорат по нејзините стапки

Во неколку интервјуа, таа изјавила дека искрено се надева на тоа дека нејзините две ќерки нема да сакаат да се бават со актерство.

Таа смета дека актерството е многу специфична професија, но доколку тие пројават желба, сепак нема да се спротистави, бидејќи мисли дека е потребно и навистина убаво да се има страст во животот.

Формулата за нејзиниот беспрекорен изглед е: „Брчките се попривлечни од пластиката“.

Покрај совршената генетика со која може да се пофали, оваа Италијанка вели дека својот младешки изглед го должи и на фактот што отсекогаш преферирала на нејзиното лице да нанесува навистина мала количина на шминка.

Дури и во секојдневниот живот, таа користи крем за лице, малку маскара и кармин кој никогаш не е агресивен. Патем, Белучи е позната по изреката: „Брчките се попривлечни од пластиката“.

Таа е вистински полиглот

Покрај официјалното образование, Моника течно зборува англиски, шпански, француски и секако нејзиниот мајчин јазик – италијанскиот.

Каде и да оди има свој дом

Освен станот во Париз, оваа прекрасна Италијанка има куќи и во Италија, Англија и Бразил. Затоа таа не треба да бидеме изненадени што по чекорите на мајка си и нејзините ќерки зборуваат француски, англиски, португалски и секако, италијански.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

13 Луѓе чија мрзеливоста може да ја излуди и најсмирената личност на светот

10 Урнебесни фотографии кои покажуваат зошто треба внимателно да го изберете салонот за убавина