во ,

11 Трикови со кои ќе трошите помалку и конечно ќе заштедите некој денар

Досега сигурно сте слушнале за следење на вашите трошоци, правење шопинг листи и штедење за „црни денови“. Но дури и да сте пробале сè од ова, веројатно не сте се збогатиле.

Проблемот е што секој е подложен на импулсивно купување.

За таа цел, ви предлагаме да ги пробате следниве трикови што ќе ви помогнат да го избегнете тоа:

Визуелизација

Факт е дека продавниците сакаат да ве натераат да купите што е можно повеќе работи. Токму поради тоа, гардероберите во бутиците се дури на крајот од продавницата, па дури да стигнете дотаму, ќе земете уште пар фармерки и 2-3 маици.

Што да правите?

– Кога ќе ви се допадне некое парче облека, направете тест со визуелизација. Замислете си човек кој го држи парчето облека во едната рака, а во другата ги држи парите што треба да ги дадете за него. Која рака би ја одбрале? Ако повеќе ви значат парите, тогаш продуктот не ви е неопходен.

– Замислете дека сте ја купиле облеката и размислете што би се случувало за 6 месеци. Дали навистина би ја носеле, или едвај ќе ја тргнете од закачалка?

Не го допирајте она што ви се допаѓа

Откако ќе фатите нешто што сакате да го купите, потсвесно почнувате да верувате дека е веќе ваше. Па, без разлика колку е висока цената, заборавате на штедењето и сакате да го купите.

Што да правите?

– Доколку, на пример, разгледувате телефони, замолете го продавачот да ви го покаже без да го допирате. Исто важи и за облека.

– Избегнуваjте да купувате онлајн. Многу истражувања покажале дека луѓето губат контрола кога купуваат од интернет.

Одете кон лево

Кога влегуваат во продавница, повеќето потрошувачи тргнуваат кон десно, само затоа што се деснораки. Продавниците го знаат ова, па од десната страна поставуваат поскапи продукти.

Што да правите?

– Пред да излезете, направете шопинг листа. Во продавницата, земете го само тоа од листата и не разгледувајте други работи.

– Обрнете внимание на полиците – најчесто евтините продукти се поставени најгоре или најдолу.

– Немојте да земате количка. Најдобро е продуктите да ги носите во раце. Ако треба да купите повеќе работи, користете корпа. На овој начин ќе немате место за непотребни работи.

Не џвакајте мастика

Знаевте ли дека џвакањето мастика ја подобрува циркулацијата на крвта во мозокот, а со тоа ги подобрува и когнитивните функции? Сепак, поради ова ќе сакате подолго да останете во продавницата, па ќе купите работи што не ви требаат.

Што да правите?

– Заборавате ја гумата за џвакање. Таа само ве тера подолго да одбирате што да купите, а со тоа сигурно ќе земете и нешто непотребно.

– Фокусирајте се само на она што ви треба и игнорирајте ги „одличните понуди“.

– Ограничете го времето што ќе го поминете во продавницата. Земете го она што ви треба и излезете.

Не разгледувајте

Нормално е да посакате да купите нешто ако забележите дека е на попуст. Во овој случај верувате дека ќе заштедите во иднина.

Ако купувате наголемо, ова може да ви биде од помош, но во повеќето случаи само ќе ве натера да потрошите повеќе.

Што да правите?

– Игнорирајте ги продуктите на попуст и фокусирајте се на листата.

– Ако на каса ви понудат нешто и се подразмислите, значи дека не е неопходно – одбијте го.

Размислете

Ако слушнете дека во некоја продавница има тотална распродажба, веднаш помислувате дека мора да ја искористите. Но, веројатно ќе зажалите.

Што да правите?

– Справете се со искушението. Ако сакате да купите нешто, размислете 24 часа за тоа. Ако станува збор за нешто поскапо, размислете 3 дена.

– Искористете ги овие денови за да разгледате рецензии за продуктот, да ги споредите цените и слично.

– Пресметајте колку време ви било потребно да ги заработите парите за она што сакате да го купите. Понекогаш ова е доволно за да се спасите од импулсивното купувате.

– Проверете дали во домот имате некој сличен продукт. Во тој случај, нема потреба да купувате уште еден.

Наместо да купувате, живејте си го животот

Секоја жена знае дека шопингот е лек за тага. Но, овој лек трае најмногу половина час.

Што да правите

– Купувајте ги работите само кога ви се потребни и не одете во продавница кога нема потреба од тоа.

– Внимателно испланирајте го купувањето. Без разлика дали купувате облека или храна, размислете што точно ви треба.

Тргајте пари настрана

Одредете неделен буџет за трошоци. Ако на крајот од неделата ви останат пари од буџетот, постои ризик да ги потрошите на нешто непотребно.

Што да правите?

– Инвестирајте во вашата иднина. Ако ви останат пари од неделниот буџет, тргнете ги настрана. Ако некој ви вратил долг, не ги трошете парите. Поделете ги на два дела, а вториот дел зачувајте го.

– Собирајте ги и прегледувајте ги сметките од продавниците. Одредете на што сте потрошиле повеќе од потребното.

Штедете пари за една цел

Веројатно и вие имате многу цели и сакате да штедите за сите. Но на овој начин нема да направите ништо.

Што да правите?

– Одредете која цел ви е најважна. Не е важно колку е мала, важно е да се држите до неа.

– Не се откажувајте откако ќе ја постигнете целта. Ако сте успеале да заштедите за летниот одмор, веднаш почнете со штедење за нешто друго.

Фокусирајте се на причината за штедење, а не начинот

Ако денес сте јаделе нешто поскромно и не ви се допаѓало, веројатно утре ќе дадете повеќе пари за побогат оброк. И ова е непотребно трошење.

Што да правите?

– Почесто размислувајте за што штедите. Докажано е дека луѓето полесно штедат ако често се присетуваат на причината за штедење.

– Присетувајте се на целта, но не престанувајте да живеете. Понекогаш е нормално да потрошите повеќе од планираното за малку забава.

– Планирајте однапред. Сигурно сте забележале дека во лето зимската гардероба е поевтина и обратно. Па, искористете го ова и заштедете.

Проверете ја заштедата

Неретко луѓето се фокусираат само на тоа колку се оддалечени од целта. Забораваат да земат предвид колку ѝ се доближиле.

Што да правите?

– Барем еднаш месечно проверувајте ја состојбата на заштедата. Ова ќе ви даде поттик да продолжите.

– Не заборавајте да се наградите за успехот. Ако сте заштедиле значајна сума пари, слободно почастете се со некоја ситница.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 Типови на луѓе кои ви требаат во животот за да бидете среќни

7 Најбизарните зависности што навистина постојат