во

10 Урнебесни вицови кои ќе ги разберат само паметните

1. Што добивате кога ќе го пресечете вицот со реторичко прашање?

2. Влегуваат тројца логичари во кафуле. Шанкерот ги прашува „Дали сите сакате пиење?“

– „Не знам“

– „Не знам“

– „Да!“

3. Ајнштајн, Њутн и Паскал си играат криенка. Ајнштајн е на ред да мижи и да брои до 10. Паскал бега и се крие. Њутн црта на подот квадрат со големина од 1 метар квадратен пред Ајнштајн и останува таму да стои. Ајнштајн завршува со броењето и го гледа Њутн и вели дека го открил. Њутн се насмеал и му рекол, не, го пронајде Паскал!

4. Еден Римјан влегува во бар и нарачува мартинус. Шанкерот го прашува: „Мислите мартини?“ Римјанот одговара: „Да сакав дупло, така ќе нарачав.“

5. Уште еден Римјан влегува во бар, подига 2 прста и вели „Пет пива ве молам!“

6. Жената на логичарот се пораѓа. Докторот во исто време кога се раѓа детето, му го дава во раце на логичарот. Неговата жена нестрпливо прашува „Момче е или девојче?“ Логичарот одговара: „Да.“

7. Ентропијата не е тоа што беше порано.

8. Хелиумот влегува во бар и нарачува пиво, а шанкерот му вели „Извинете, тука не служиме благородни гасови.“ Тој не реагира.

9. Мачката на Ервин Шредингер влегува во кафич. И не влегува.

10. Жената на еден програмер му вели: „Оди до продавница и купи векна леб. Ако имаат јајца, земи 10.“ Програмерот се вратил дома со 10 векни леб.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дечко гледа девојка со книга и ѝ приоѓа…

Мажот ја прашува жената: Што има за ручек, ми се јаде…