во ,

10 Сосема нормални работи за кои мажите не треба да се срамат

И мажите можат да ги следат модните трендови, и мажите можат, но и треба да помагаат со домашните обврски, а ако повеќе сакаат да читаат отколку да гледаат фудбал, тоа е сосема во ред.

Нееднаквоста помеѓу мажите и жените уште постои и додека жените се обесправени за одредени работи, и на мажите им се случува истото, но за сосема поразлични нешта.

Од мажите се очекува да бидат „мажи“, да ги кријат тагата и негативните емоции и да не покажуваат „слабост“. Ова е многу погрешно.

Постојат и разни верувања останати од порано според кои обврските, хобијата и сè останато се дели на „машко“ и на „женско“. И ова е многу погрешно.

Мажите и жените се човечки суштества и треба дa имаат слобода да ги прават нештата што им причинуваат задоволство, без разлика дали општеството ги гледа како „машки“ или „женски“.

10 работи за кои мажите треба да имаат слобода да ги прават и не треба да се срамат:

Мажите не мора да знаат како да ја поправат секоја ситница во домот

Сосема нормално и неопходно е и мажите да се вклучени во домашните обврски

Некои мажи сакаат да вежбаат, а некои не – и двете се сосема во ред

Фудбалот и другите спортски натпревари не се само за мажи, а и не сите мажи се должни да следат спорт

И мажите можат да ги следат модните трендови и да го негуваат својот личен стил

И мажите имаат нежна страна и не треба да се плашат да ја покажат

И мажите можат да ги прегрнуваат нивните пријатели и да им кажуваат колку ги сакаат

Сосема нормално е мажите да се грижат за својот изглед, па дури и да имаат повеќе продукти за убавина од партнерката

И на мажите им се потребни комплименти и слатки мали изненадувања

За крај, и мажите имаат емоции и треба да имаат слобода да ги искажат

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Луѓето воодушевени од играта на пандата на снегот: “Ова ми го поправи денот”

14 Чудни сцени од секојдневието кои сигурно не сте ги виделе до сега