во ,

10 Знаци дека некој постојано „глуми“ жртва

Луѓето кои глумат жртви обично „зрачат“ со негативност и веруваат дека сите нивни проблеми се поради другите, а не поради нив.

Убедени се дека нивните постапки нема да им ги решат проблемите, па се чувствуваат целосно беспомошно. Проблемот е што иако можете да се справите со нив и да им покажете сочувство, тие, можеби дури несвесно, ќе манипулираат со вас.

Затоа, добро би било да знаете како да ги препознаете луѓето кои секогаш глумат жртви.

Во продолжение се знаците кои укажуваат на тоа:

1. Постојано се сожалуваат

Светот е суров и овие луѓе не можат да направат ништо во врска со тоа. Барем така сакаат да мислите.

Овие луѓе постојано се сожалуваат и сакаат да ве натераат и вие да го правите истото за нив. А, колку повеќе луѓе паѓаат во нивната замка, тие толку повеќе „заглавуваат“ во улогата на жртва.

2. Манипулираат

За да ги добијат вашите сочувство и поддршка, овие луѓе глумат немоќни и беспомошни.

Притоа, можат да ве натераат да се чувствувате виновно ако некогаш сте им згрешиле нешто.

„Жртвите“ го прават сето ова само за да привлечат внимание и да ги натераат другите да ги слушаат.

3. Се однесуваат како „емоционални вампири“

Ова се луѓе што лесно можат да ви се „закачат“. Почнуваат да изгледаат како зависни од другите и не сакаат да преземат одговорност за ништо.

Ако минувате многу време со ваква личност, наскоро ќе забележите дека ви ги „украла“ трпението, енергијата и позитивните емоции.

4. Стојат во место

Бидејќи жртвите се убедени за нивната беспомошност, воопшто не се обидуваат да направат нешто и да напреднат. Воглавно, заглавуваат во еден период од животот.

Работите стануваат уште полоши кога почнуваат да наоѓаат илјадници причини зошто им се случува тоа. Доколку се обидете да им помогнете, сигурно ќе бидете одбиени.

5. Се затвораат

Овие луѓе не сакаат да им зборувате за нивното однесување и одбиваат да се соочат со фактот дека понекогаш се токсични.

Ако пробате да им зборувате за ова, најверојатно ќе престанат да комуницираат со вас. За жал, ова ирационално однесување им ги уништува врските со другите и не им дозволува да ги согледаат нивните грешки.

6. Не можат да им веруваат на другите

Причината за ова е несигурноста на овие луѓе и тоа што не веруваат во себе.

Тие ги проектираат нивните емоции и на другите околу нив, па заклучуваат дека не можат да веруваат никому.

7. Постојано се споредуваат со другите

И овојпат проблемот се ниската самодоверба и несигурноста.

Овие луѓе постојано се споредуваат со другите, а како резултат се чувствуваат депресивно. Нивното самокритикување е проблематично не само за нив, туку и за другите, бидејќи се обидуваат да го привлечат нивното внимание.

Во реалноста, никој не е совршен, но овие луѓе не можат да прифатат дека тоа е нормално.

8. Несреќни се

Без разлика што ќе се случи во нивниот живот, луѓето кои глумат жртви никогаш нема да бидат задоволни.

Без разлика што и колку имаат, секогаш ќе им треба нешто друго.

Воглавно, тие се заглавени во циклус на постојано жалење и не ценат ништо позитивно.

9. Лесно почнуваат расправи

Нормално е да имате различни мислења и ставови од другите, но луѓето кои глумат жртви како да не го прифаќаат тоа.

Секое несогласување го сфаќаат како лична навреда или напад, па малку треба за да почнат расправија.

Тие се убедени дека целта ви е да ги повредите, па веднаш заземаат одбранбен став.

10. Не преземаат одговорност

Според овие луѓе, секогаш е виновен некој друг. Другите се виновни за нивните грешки и проблеми, а никогаш тие.

Не се сигурни за ништо и страв им е да преземат одговорност за нивните постапки. На овој начин бегаат од нивните чувства и не ги поправаат нивните грешки.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Зошто трошиме пари на луксуз, а сепак сме алчни во секојдневниот живот?

9 Навики од младоста што можат да ви наштетат подоцна во животот