во

Овој човек мака мачи со инфлуенсерките – му позираат пред куќата, со штиклите му ги оштетуваат плочките

„Не ми пречи што позираат непристојно, но со штиклите ми ги оштетија плочките“ – вели овој 77-годишен маж од Лондон, чија влезна врата е едно од омилените места за сликање на Инстаграм инфлуенсерките во Лондон.

Светло розовиот историски дом на 77-годишниот Питер Ли од Лондон, кој се наоѓа во близина на Палатата Кензингтон, е едно од омилените места за фотографирање на инфлуенсерките, а овој маж не знаејќи што повеќе да направи својата приказна ја раскажува за британските медиуми.

Како што вели пред неговиот дом секој ден се случува да се фотографираат и по неколку инфлуенсерки, семејства, балерини, а имало и денови кога и цели телевизиски екипи снимале емисии.

Питер во медиумите споделува голем број фотографии од инфлуенсерките направени од безбедносните камери во неговиот дом, а како што вели инфлуенсерките што во високи штикли некогаш скокаат на скалите му направиле огромна штета, затоа што плочките од скалите пред влезната врата се искршени.

Со оглед на тоа што живее во историски дом, Питер Ли ќе треба да прави плочки по нарачка за да ги смени оштетените.

„Модерните плочки се многу тенки и не изгледаат убаво“ – вели Питер.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Како изгледа денес симпатичното момче од Киндер чоколадите?

10 Фотографии докажуваат дека луѓето немаат никаква култура