во

Ова е најмистериозниот народ на светот: Нивното потекло не е познато, а на овие начини се штителе од болести и зли духови

Ајну е првиот источноазиски народ кој ги населил денешните простори на Јапонија. Оваа етничка група е толку стара, што во споредба со нив дури и кинескиот народ се смета за „млад“ народ. Она што е најинтересно е тоа што научниците немаат претстава од каде потекнуваат Ајните.

Во продолжение, неколку помалку познати факти за мистериозниот народ Ајну:

За првпат се појавиле во Јапонија и во Русија во 13-от век пред новата ера. До 19-от век не стапувале во речиси никаков контакт со другите етнички групи кои постоеле во тоа време. Се верува дека тие се најстарата етничка група во Европа и Азија.

Ајните повеќе потсетуваат на Европејци отколку на Монголци, и поради тоа во Јапонија често биле предмет на дискриминација. Портретите на старите Ајну луѓе многу наликуваат на портретите на рускиот писател Лав Толстој.

Мажите имаат долга коса и долга брада која никогаш не ја бричат. Жените имаат тетоважи со кои се почнува во детството – кога девојчето Ајну ќе наполни 6 или 7 години, добива тетоважа над горната усна. Народот Ајну верува дека овој ритуал ги штити девојчињата од зли духови, кои се обидуваат да влезат во нив преку устата.

Со текот на годините, тетоважата избледува и кога ќе достигне одредена боја и форма, се верува дека девојката е подготвена за брак. Најчестата тетоважа на жената Ајну потсетува на денешната „насмевка на Џокер“. Во 19-от век, владата на Јапонија ги забранила овие тетоважи, но некои и понатаму ги правеле во тајност, почитувајќи ја старата традиција на својот народ.

Последната жена Ајну со ваква тетоважа на лицето починала во 1998 година, а денешните Ајну девојки ги цртаат со шминка за празниците. Најпрепознатлива е „тетоважата“ насмевка над усните, но се цртаат и разни геометриски облици за кои исто така се верува дека ги штитат девојките од болести и зли духови.

Од моментот кога се појавил на јапонските острови, народот Ајну секогаш ги правел истите работи. Нивниот живот се сведува на лов, риболов и берење овошје. Живееле во земјени куќички со големина од најмногу 35 квадратни метри, во чиј центар задолжително се наоѓало огниште. Многу зборови во јапонскиот јазик се преземени од јазикот на народот Ајну.

Мечките секогаш имале голема улога во нивниот живот и постојат многу верувања кои се однесуваат на овие животни кај народот Ајну. Археолозите дури мислат дека тие ги довеле мечките со себе од островот Хокаидо.

Благодарение на овој народ, во Јапонија се појавиле самураите.

Кога Јапонците се доселиле на островите и оформиле држава, народот продолжил да живее во племиња. Тие понекогаш ги напаѓале своите нови соседи.

Кон крајот на 19-от век, Јапонците започнале да населуваат пошироки подрачја, а Ајните и понатаму ги одбегнувале – имале свои училишта и болници, своја земја, не плаќале данок. Од друга страна, оформувањето на државата донело забрана за ритуалите на овој народ, особено за оние насилните, а со тоа тие започнале да го губат својот културен идентитет. Постоел ризик и целосно да исчезнат како народ.

Сепак, во 2019 година јапонската влада го прогласила Ајну за автохтон народ и прогласила конечен крај на дискриминацијата.

Денес, народот Ајну се обидува да го обнови својот културен идентитет. Тие имаат дури и свое знаме – сината позадина симболизира небо и море, а белата боја претставува снег. Во средината стои стрелата на Ајну ловецот, која е црвена бидејќи е прекриена со отров, кој владата им забранила да го користат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Теоријата на Ајнштајн за среќа ќе ви го смени гледиштето кон животот – како да ви се случи баш тоа што навистина го сакате?

20 Родители на мали деца кои сигурно имале полош ден од вашиот