во ,

Маж тврди дека метеорит му паднал на куќата и ја запалил: Полицијата го истражува случајот

Маж тврди дека метеорит му паднал куќата и ја запалил. Властите потврдиле дека домот на Процит би можел да настрада од удар на метеорит.

Дастин Процит од Невада тврди дека метеорит му ја уништил куќата и го убил неговото куче. Мажот бил дома со двете кучиња во округот Невада, на околу 60 милји североисточно од Сакраменто, кога слушнал голема експлозија во инаку мирната заедница.

„Помирисав чад и отидов тремот, кој беше целосно зафатен од пламен“, рекол Процит. Пожарната служба Пен Вали добила повик за пожар во околу 19:26 часот. Со помош на калифорнискиот Оддел за шумарство и заштита од пожар, пожарот бил изгасен речиси три часа подоцна, рекла портпаролката на „Cal Fire“ Мери Елдриџ за „NBC News“.

Во пожарот угинало куче, а огнот ја проголтал куќата, приколка и камионет.

Властите истражуваат дали метеор можел да падне од небото и директно на домот на Процит. „Тоа е потенцијална причина, но прерано е да потврдиме“, рекол капетанот на противпожарната служба Клејтон Томас.

„Можам да кажам дека во текот на инцидентот многу луѓе се обратија во противпожарната служба и кажаа дека виделе потенцијален метеор кој паднал на тоа подрачје“, било соопштено.

Откако „NBC“ објавил видео како од небото на 60 километри од Сакраменто паѓа нешто што изгледа како вжештена топка, властите потврдиле дека Процит можел да настрада од удар на метеорит

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Видео од 75 милиони прегледи: Овие алпаки кои скокаат преку вир станале хит

10 Смешни илустрации од минатото: Како уметниците ги замислувале животните што ги немале видено?