во

Коби Брајант, Марадона, Шон Конери – светски ѕвезди кои ги изгубивме во 2020 година

2020 беше ужасна година од многу аспекти, а покрај пандемијата, таа успеа да нè збогува и со многу славни ѕвезди кои починаа во оваа тешка година.

Коби Брајант и неговата ќеркичка Џиана беа првичниот шок… но и сите останати кои многу ќе му недостигаат на светот:

Диего Марадона

Легендата на фудбалот Диего Марадона почина од мозочен удар на 60-годишна возраст на 25 ноември, 2020.

Екстремните подеми и падови на Марадона беа опфатени во истоимениот документарен филм објавен во 2019 година од режисерот Асиф Кападија, добитник на Оскар.

Шон Конери

Шон Конери, актерот роден во Шкотска, кој беше првиот актер што го играше Џејмс Бонд на филмското платно почина на 90-годишна возраст на 31 октомври, 2020.

Оскаровецот починал во сон додека бил на Бахамите, и според BBC наводно не се чувствувал добро подолго време.

Чедвик Боузман

„Црниот пантер“ на Ваканда почина на 43-годишна возраст во август по четиригодишна борба со рак на дебелото црево.

Коби Брајант

НБА ѕвездата загина во пад на хеликоптер во Калабасас, Калифорнија, во јануари. Коби (41 година) патуваше со уште осум лица, вклучувајќи ја и неговата 13-годишна ќерка Џиана која исто така почина при несреќата.

Наја Ривера

Актерката од Glee беше пронајдена мртва на 13 јули, пет дена откако исчезнала додека пловела со својот 4-годишен син Дорси. Таа имаше 33 години.

Кели Престон

Сопругата на Џон Траволта почина на 12 јули, 2020 година, по двегодишна битка со рак на дојката. Таа имаше 57 години.

Џери Стилер

Актерот почина на 92-годишна возраст, а веста ја потврди неговиот син Бен Стилер. Џери ќе остане запаматен по улогите во Seinfeld и The King of Queens.

Тој почина од природна смрт во мај, 2020 година.

Џејмс Липтон

Долгогодишниот домаќин на Inside the Actor’s Studio почина на 93-годишна возраст во март, по битката со рак на мочниот меур.

Лин Коен

Ѕвездата на Hunger Games: Catching Fire, почина на 86-годишна возраст на 14 февруари.

Кирк Даглас

Кирк Даглас почина на 103-годишна возраст. Неговиот син Мајкл Даглас ја објави веста за неговата смрт на Фејсбук на 5 февруари.

Ирфан Кан

Славниот актер на Боливуд, ѕвездата на Slumdog Millionaire почина на 29 април откако беше примен во болница со инфекција на дебелото црево.

Веста дојде две години откако му беше дијагностициран редок вид на рак. Тој имаше 53 години.

Можеби листата е подолга, но и покрај тоа што годината беше лоша и ни приреди многу непријатни изненадувања, сепак не сакаме да се фокусираме само на тоа и да ве растажиме.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најзначајни фотографии од Земјата направени од вселената – како изгледа нашата планета од далеку?

Децата од ’90-тите ќе разберат: Работи кои ги гледавме само кај баба и дедо дома