во

Времето застанало за нив – Ѕвезди кои годинава полнат 40 години, а изгледаат подобро отколку во младоста

Времето навистина лета, а стануваме особено свесни за ова кога ќе ја слушнеме возраста на познатите кои обично ни се чини дека имаат 20-тина, најмногу 30 години.

Знаевте ли дека годинава, Бијонсе, Џесика Алба и Натали Портман полнат 40 години?

Можеби е тешко да поверувате во ова, најмногу бидејќи овие жени, но и многу други славни, денес изгледаат дури подобро отколку во нивната младост.

Сите сме свесни дека славните зад себе имаат цел тим стилисти, но навистина е неверојатно што изгледа како времето навистина да застанало за нив.

Па, погледнете кои славни годинава полнат, или веќе наполнија 40 години, а изгледаат подобро од кога било:

1. Не левата фотографија Крис Еванс има 26 години и дотогаш се имаше појавено во само два филма. До 40-годишна возраст, актерот изгради блескава кариера и е еден од најпрепознатливите актери од филмовите на Марвел.

2. Веќе до 23-тата година (лево) Џесика Алба имаше освоено пет филмски награди. Денес познатата актерка уште е активна, а дефинтивно изгледа подобро отколку во минатото.

3. На 19-годишна возраст, Илајџа Вуд имаше само неколку мали улоги зад себе. Годинава актерот наполни 40 години, а досега го има позајмено гласот за неколку видео игри и се има појавено во над 60 филмови.

4. На фотографијата лево, Џастин Тимберлејк има 22 години и веќе се пробиваше во светот на музиката. До денес, на 40-годишна возраст, пејачот воопшто се нема променето.

5. На 25-годишна возраст Рами Малек го имаше своето филмско деби и малкумина знаеја за него. Во мај тој полни 40 години и денес може да се пофали со неколку одлични филмови и Оскар за најдобра машка улога.

6. На фотографијата лево, направена во периодот кога го сними првиот албум, Бритни Спирс има само 17 години. Пејачката до денес важи за една од најголемите ѕвезди и навистина изгледа одлично.

7. На 23-годишна возраст Натали Портман веќе се имаше појавено во неколку големи филмски остварувања, а тој период и дипломираше на Харвард. Сега актерката изгледа подобро од кога било и има освоено над 80 филмски награди.

8. На левата фотографија, Меган Маркл има 25 години и се обидуваше да се пробие во филмската индустрија. Денес таа е сопруга на принцот Хари, а после напуштањето на кралското семејство, можеби повторно ќе ѝ се врати на старата кариера.

9. На 23-годишна возраст Џозеф Гордон Левит се откажал од студиите за да започне актерска кариера. Очигледно ја донел вистинската одлука – на 40 години, тој е еден од најдобрите холивудски актери.

10. На левата фотографија Том Хидлстон позира со неговата прва филмска награда, што ја освои на 27-годишна возраст. Денес тој може да се пофали со дури 15 филмски награди.

11. На 21-годишна возраст Бијонсе ја започна соло кариерата. До 40-тата година, таа успеа да стане жената со најмногу освоени Греми награди.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Што може да се случи со вашиот мозок и тело ако престанете да користите мобилен телефон

13 Секојдневни навики на паровите, кои ја зацврстуваат врската