во , ,

Која е вистинската намена на проѕирните тоалети во Јапонија?

Јапонија е една мистериозна, чудна и необична земја каде ќе пронајдете илјадници дизајни кои остатокот од светот не ги разбира и не ги смета за корисни.

Последен таков случај беше инсталацијата на проѕирните тоалети среде парк во Јапонија.

И додека многумина велеа дека ваквите тоалети немаат апсолутно никаква намена, Јапонците докажаа дека се народ кој размислува барем два чекори понапред од сите други.

Тајната е во тоа што кога ќе влезете во стаклениот, проѕирен тоалет и ќе ја заклучите вратата однатре – стаклата се заматуваат.

Така, кога тоалетите се зафатени, минувачите не може да видат апсолутно ништо, освен шарени стакла.

Навечер, тоалетите служат како дополнително улично осветлување, поради тоа што се проѕирни кога никој не ги користи.

Кој би рекол дека тоалетот може да биде и улично светло кое штеди дополнително трошење на струја?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кој стои зад гласот на Сири + 9 актери кои позајмуваат гласови на најпознатите анимирани ликови

Мали ситници кои мамат насмевка на лицето на жените и ги усреќуваат